Прогласени се најдобрите индивидуални производители на вина и ракии од натпреварот во Неготино, организиран во рамките на „Неделата на виното“. Во категорија за најдобра домашна ракија, третото место го освои Никола Андов, второто Коце Буров и првото, Милан Андов. „Од 25 мостри на бели вина, третата награда му припадна на Илија Тасев, втората на Горан Ристов и првата на Коле Мицев“, соопшти Ивица Златковиќ од организацискиот одбор. Во конкуренција од 20 примероци на црвени вина, на третата позиција се најде виното на Горан Ристов, на втората тоа на Јован Кабранов и на првата, виното на Диме Михов...
Прогласени се најдобрите индивидуални производители на вина и ракии од натпреварот во Неготино, организиран во рамките на „Неделата на виното“.
Во категорија за најдобра домашна ракија, третото место го освои Никола Андов, второто Коце Буров и првото, Милан Андов.
„Од 25 мостри на бели вина, третата награда му припадна на Илија Тасев, втората на Горан Ристов и првата на Коле Мицев“, соопшти Ивица Златковиќ од организацискиот одбор.
Во конкуренција од 20 примероци на црвени вина, на третата позиција се најде виното на Горан Ристов, на втората тоа на Јован Кабранов и на првата, виното на Диме Михов.
Познати се, исто така, и победниците од натпреварот за најдобри вина произведени во винарии, а кои исто така учествуваа на натпреварот.
„Во категорија на бели вина од 7 винарии, третото место го освои ’Трговиште‘ од Бугарија, второто ’Мал Свети Климент‘ од Охрид и првото, ’Повардарие‘ од Неготино“, информира Златковиќ.
Во конкуренција на 11 црвени вина од винарници, третата награда и' припадна на винаријата „Тристо“ од Велес, втората на „Мал Свети Климент“ од Охрид и првата, на „Кговиќ“ од Црна Гора.